Седум патници кои го преживеале потонувањето на брод што пловел кон пацифичките острови Кирибати, по осум дена, денеска биле спасени со помош на новозеландската авијација. Бродот на кој имало 50-ина патници потона пред осум дена.

Преживеаните, кои успеале да се качат на чамец, биле забележани од авион на новозеландското кралско воздохупловство. Луѓето се наоѓале на отворено море, 300 километри од островот Науру.

извор: Makfax