Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата.

Канадската медиумска мрежа Си-би-ес јави дека станува збор за семејстово на сириски бегалци и дека децата биле на возраст од три месеци до 17 години.

Еден маж и жена се повредени во пожарот и се префрлени во болница.Полицијата и пожарникарите ја немаат соопштено причината за пожарот.

Очевидците велат дека слушнале бучава од куќата каде што избувнал пожарот, а потоа виделе една жена и еден човек како трчаат во дворот.

„Мајката беше во тревникот, се молеше и ги кршеше рацете и го молеше својот сопруг да побара помош“, рече соседот Даниел Барт.

извор: Makfax