Триесетгодишниот Палестинец Џихад ал-Суваити секој ден седел на прозорецот од болницата за да ја гледа својата мајка која заболела од Ковид-19, сè до моментот кога таа починала.

Момчето се качувало на прозорецот преку олукот и седел на прозорецот со часови за да се увери дека мајка му ја има целата можна грижа. „Тој ќе го поминеше поголемиот дел од денот така, набљудувајќи ја состојбата на неговата мајка, а се спушташе само кога мислеше дека таа спие“, рече едно болничко лице за „Ал Араби“.

Иако посетите во болницата биле забранети, синот не се откажал, барем на овој начин, секој ден да проверува како е неговата мајка.

„Џихад е најмалото дете и беше многу близок со мајката, особено по смртта на нашиот татко пред 15 години. Мајката страдаше од леукемија, а пред неколку недели ѝ беше дијагностициран Ковид-19. Кога дозна за нејзината смрт, Џихад беше многу лут и вознемирен. Но, сега се чини дека се помири со тоа“, рече брат му Расми.

Неговата фотографија се појави на социјалните мрежи и предизвика многубројни реакции. По смртта на неговата мајка, еден карикатурист му посвети илустрација.

извор: Makfax