Сакајќи да ги израдува луѓето кои сакаат да летаат со авион, тајванската авиокомпанија им овозможи на патниците да се возат без дестинација. Тие плаќаат за билет, се возат неколку часа и потоа се враќаат на почетната позиција.

Една од најголемите авиокомпании на Тајван, на почетокот на август, го овозможи овој лет за да ги израдува луѓето кои се навикнати да патуваат барем малку за да им ја задоволи потребата за патување.

Летот трае околу три часа и тргнува од Таојуон во Тајпеј и потоа се враќа на истото место.

„Меѓународниот воздушен сообраќај е заземјен повеќе од половина година“, се наведува во веб-страницата на ЕВА-Ер. Желбата на граѓаните да заминат во странство се зголемува. За да ги задоволи желбите на патниците на ЕВА-Ер, одлучи да понуди алтернативно патничко искуство на 8 август на Денот на таткото.

Ако е јасен ден, патниците ќе можат да видат разни острови и живописни брегови од воздух.

Тие ќе летаат во популарниот авион Hello Kitty и можат да очекуваат дека понудата во авионот ќе биде поврзана со белата мачка и ќе има бесплатна интернет врска.

Оброкот што секој патник ќе го добие го дизајнираше готвачот Мотоказу Накамура, кој е награден со три Мишелин ѕвезди.

Влезницата во економскиот дел на авионот чини околу 150 евра, а патниците кои ќе платат уште 30 евра ќе бидат сместени во бизнис класа.