x

Севиља не успеа да слави против Атлетик (Б) (ВИДЕО)

Во вториот меч од првото овогодишно коло во Ла Лига, фудбалерите на Севиља и Атлетик (Б) одиграа без победник 1:1. Иако домашните влегоа во мечот како фаворити, на крајот мораа да се задоволат само со бод.

Гостите тргнаа мотивирано и многу брзо успеаја да го отворат резултатот на разочарување на домашната публика. Андер Чапа искористи едно добри додавање на Инаки Мартинез во 15. минута и успеа да го погоди аголот од домашниот гол за водство.

 

Севиља тргна офанзивно уште од првата секунда во вториот дел и по само 20 секунди имаше 100% шанса да израмни. Сепак, до израмнувањето се чекаше 15 минути. Во 60. минута по еден добар пробив пред гостинскиот гол Унаи Њуњез реагираше несмасно во својот шеснаесетник и ја погоди сопствената мрежа за израмнување на 1:1.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата