x

Севиља купи соиграч на Ристовски за 10,5 милиони евра

akunja

Шпанската Севиља ќе се засили со левиот бек од Спортинг Лисабон. Се работи за аргентинскиот интернационалец Маркос Акуња. Андалузискиот клуб за неговите услуги ќе платат отштета од 10,5 милиони евра плус уште 2 милиони евра во форма на бонуси.

Акуња е поранешен играч на  Расинг од Буенос Аирес и на Феро Карил Есте. За Аргентина има 27 натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата