x

Севиља елиминирана во Купот од второлигашот Мирандеш

Очајна партија н афудбалерите на Севиља и убедлив пораз од 3:1 во мечот од осминафиналето на Копа дел Реј. Фудбалерите на Мирандеш актуелни второлигаши, со голема пожртвуваност му одржаа вистинска лекција на „ѕвездениот“ тим на гостите и ги испратија со убедливи 3:1 од својот стадион.

Дека работите нема да одат добро по Севиља се виде уште на самиот старт. Мирандеш поведе со голот на Аиас уште во 7. минута, за истиот фудбалер со својот втор гол во 30. минута на домашните да им донесе и клучна предност од 2:0.

Иако се очекуваше „нова“ Севиља во вториот дел, гостите не покажаа фудбал кој можеше да им донесе пресврт. Упорните домаќини ја дочекаа својата шанса и за трет гол, па по промашениот пенал во 54. минута, во 85. минута Реј погоди за 3:0 и пат на Мирандеш во четврфиналето на Купот. Бледите гости само намалија на 3:1 во судиското продолжение со погодокот на Нолито.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата