Во хотелот каде што се одржува фестивалот Севе се појавила со црни очила за сонце иако бил мрак, односно малку пред полноќ, и воопшто не била расположена за разговор и фотографирање, па глумела недостапна ѕвезда. На сцената застанала во сценски костим од тантела, под кој и се гледала долната облека.

Како што пренесуваат српските медиуми, тантелата симболизира смерност, но овојпат се било проѕирно. Својот дел во рамите на втората фестивалска вечер пејачката го отворила со хитот “Бред Пит”, по кој се ределе “Узбуна”, “Уно моменто, “Поглед испод обрва”… И додека таа пеела, публиката танцувала, а Игор стоел до сцената, нели, како и секој добар телохранител…

Криза или глума?! Ако е криза (што впрочем може да се заклучи по штедењето на материјал и персонал) некако и може да се оправда целата ситуација, ама ако се глуми лудило тогаш – Севе хелоууу!