Во понеделник, Северина ќе ја објави, како што велат нејзините соработници, најемотивната и најубава балада во животот. Песната, која ја посвети на својот син Александар, се вика „Родено мое“, а таа самата се согласува дека тоа е нејзината најубава песна до денес.

Песната е напишана ова лето од долгогодишниот композитор на Северина, Милош Рогановиќ, кој вели дека северина го исконтактирала да и напише убава емотивна песна.

– Одговорот беше и пред мене и во мене. Пред мене, затоа што кога ја гледам Северина, гледам голема ѕвезда, уметник, која е пред сè и мајка која се бори за благосостојба на своето дете, додека исто така мора да се бори против разни негативни, несвесни луѓе, кои се обидуваат да и отежнат и да ја успорат. Одговорот беше и во мене, затоа што јас сум родител, така што знам какви се емоциите и отсекогаш сум сакал да ги преведам во песна како оваа. Вака се појави „Родено мое“ и јас сум многу среќен поради тоа – рече Милош Рогановиќ.

Премиерата на оваа песна ќе биде во живо на претстојната турнеја на Северина, која започнува на 16 ноември од Сплит и продолжува на 23 ноември во Белград, 7 декември во Загреб, 21 декември во Љубљана.