x

Себаљос не сака да се врати во Реал додека тренер е Зидан

ceballos-arsenal

Играчот од средниот ред на Арсенал, Дани Себаљос, кој е фудбалер под договор со шпанскиот шампион Реал Мадрид, нема да се врати во неговиот клуб.

24-годишниот Шпанец не сака да игра за „кралскиот клуб“ додека Зинедин Зидан е тренер, бидејќи односот меѓу двајцата не е добар, пишува АС.

Во сезоната 2019/2020, Себаљос одигра 36 натпревари за Арсенал и постигна 2 гола и имаше 2 асистенции.

Најновите информации говорат дека Реал не се согласува со понудата што им ја дал англискиот клуб за откуп на договорот на Себаљос, но до крајот на трансфер прозорецот може да има развој околу трансферот на Себајос.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата