Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,79 отсто гласови пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,77 отсто. Во моментов пребројани се околу 80 проценти од гласовите.

Според податоците објавени во седиштето на ДИК, за ДУИ гласале 10,29 отсто, АА – 8,12, Левица – 4,17, Интегра – 1,39, ДПА – 1,32.

Другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,37 отсто.

извор: Makfax