Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија, реагираат од СДСМ на преносот на прославата.

– Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија, велат оттаму.

МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси, пишуваат од СДСМ во соопштението и бараат одговорност за, како што велат, дешеното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис.

Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните, порачуваат од СДСМ.