Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, растот на извозот во првите седум месеци од годинава бележи раст од 14,5 отсто во однос на истиот период од минатата година, информира владејачката партија.

„Тоа значи дека довербата во економијата е вратена, а конкурентноста зголемена. Покрај растот на извозот, во изминатиот период забележан е раст на Бруто домашниот производ од 3,1, а невработеноста е намалена на историски најниски 17,5 отсто. Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија“, велат од СДСМ преку соопштение.

Партијата додава дека по години назадување и економска неизвесност денес економијата е развојна и се движи во добар правец.

 

извор: Makfax