Не помина ни една година откако се вратија во Собранието, СДСМ сега пак спрема бојкот на Собранието. Најголемата опозициска партија во Македонија, која неколку години наназад почесто е на улица, отколку на своите работни места во институциите, овојпат преку “Шарената револуција” најавува нов бојкот на законодавниот дом. Претходно, истите тие пратеници повеќе од една година не доаѓаа на нивните работни места под изговор дека бојкотираат, и за седење дома земаа скоро 15.000 евра.
Откако не поминаа поставените ултиматуми и роковите кои како услови ги поставуваше Зоран Заев, СОРОС преку т.н. “Шарена револуција# бара од СДСМ да ги повлече своите пратеници од македонскиот законодавен дом.
Во “јавното обраќање” кое платениците на СОРОС го испратија до медиумите ги повикуваат пратениците да не работат во Собранието се додека Уставниот суд не се произнесел за уставноста на Обвинителството на Јанева.
Покрај ова, СОРОС бара и нивни претставници да бидат вклучени во преговорите меѓу политичките партии.
“Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти# – стои во барањето на платениците на СОРОС.
Барањето на т.н. “Шарена револуција” следи по дебалкот кој го доживеа на протестот во понеделникот, кога дивеењето на платениците на СОРОС и СДСМ беше најостро осудено од граѓаните и наиде на остри критики од сите страни, а дополнително ја вжешти и атмосферата во таборот на опозицијата, кој од ден во ден има се помала поддршка кај граѓаните.
Веќе е познато дека поради занемарливата поддршка од народот, Заев очајно се обидува неговата партија да дојде на власт без избори. Медиумите неодамна, повикувајќи се на партиски извори од “Бихаќка” го најавија и сценариото кое го подготвува партискиот лидер. Според нив, следува излез од парламентот, продлабочување на кризата, а целта е да се издејствува влез на СДСМ во преодна влада, без избори. Овој потег би го неутрализирал внатрепартиското незадоволство кое трае извесен период.
Во меѓувреме неутралните граѓани се откажаа од присуство на протестите, поради оштетување на јавниот имот проценет на над 250 илјади евра, лагите за девалвација на денарот, како и демаскираното партиско комби полно со боја и објавувањето на списоците за дебело испатените хонорари од СОРОС покажаа дека челниците на протестите имаат финансиски или партиски мотив. Напуштањето на поддршката од граѓаните ја отвора можноста Заев да бара нов спас преку напуштање на парламентот.