Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечерва изјави дека нивните кандидати победиле на предвремените локални избори за градоначалник во Охрид и во Ново Село.

Првичните неофицијални резултати од предвремените избори за градоначалник на Охрид укажуваат на победа на кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Константин Георгиески.Тој во изјава за медиумите, ним се заблагодари на охриѓани што ја избрале опцијата за европски Охрид и европска Македонија. Тој рече дека победил со околу четири илјади гласа пред противкаднидатот на ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски.

На предвремените избори за градоначалник во Ново Село победи кандидатот на СДСМ, Никола Андонов. Предноста пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков е со 19 гласови.

извор: Makfax