Обезбедена е нова помош за стопанството, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, во вредност од 31 милион евра за сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од коронавирусот, соопшти СДСМ.

„ Кредитите ќе бидат со нула камата со 3 години рок на отплата и вклучен грејс период до 6 месеци, а ќе може да се користат за набавка на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал на субјектите.

Бескаматната кредитна линија Ковид 3, е дел од голем финансиски пакет обезбеден од страна на Европската Унија.

Оваа мерка е континуитет на претходните две кредитни линии ковид 1 и ковид 2, со кои беа обезбедени бескаматни кредити во вредност од 13,5 милиони евра, за 1.376 компании, за зачувување на близу 18.000 работни места во овие компании.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош за граѓаните и за поддршка на стопанството, во време на кризата, предизвикана од пандемијата со коронавирусот“ се вели во соопштението.

извор: Makfax