Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и не дозволија нов Иванов, не дозволија нов кочничар туку избраа напредок и заедништво, рагира СДСМ по прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека ќе поднесат кривични пријави и приговори за поткуп, агитирање и групно гласање.

„Причините за поразот на претседателските и на предвремените локални избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бараат само кај себе, во лошиот начин на којшто се однесуваат кон граѓаните, кон државните интереси, кон напредокот на државата и интеграциите. На кристално чисти, фер и демократски избори, Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ убедливо загубија“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите се децидни дека изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ со ралзика од 60 илјади гласови е факт, исто како што е факт дека ВМРО-ДПМНЕ загуби и во Ново Село, а загуби и во општина Охрид со близу 4.000 гласови разлика.

„Толку за несоодвените споредби на ВМРО-ДПМНЕ. Накусо, граѓаните  упатија јасна порака дека сакаат државата да продолжи напред, кон ЕУ и НАТО, граѓаните не сакаат враќање назад, блокади, режим.  Единственото точно во денешната прес конференција ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните покажаа дека сакаат промени во претседателскиот кабинет и тие промени се случија. Оттука, наместо да бара алиби за поразот ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за промени внатре, во сопствените редови“, смета СДСМ.

 

извор: Makfax