СДСМ информира дека веќе се исплатени 30 милиони евра субвенции за 19.050 тутунопроизводители за откупен и предаден тутун за 2019 година, а покрај оваа поддршка, годинава тутунот има рекордно висока откупна цена во просек од 220 денари за килограм.

Од владејачката партија нагласуваат дека додека трае вонредната состојба, во мирување се ставени роковите за доставување на апликации и реализација на проектите од националните програми и ИПАРД програмата, за да се обезбеди дополнителен рок за имплементација на започнатите инвестиции.

„Во рамките на мерките за ублажување на последиците од здравствената криза во агросекторот, земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, имаат можност да користат и дел од економскиот пакет на мерки, како финансиската поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај. Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 се продолжува до 12-ти ноември 2020 година, а со цел да се намали загубата на одгледувачите на овци, вкупната поддршка за женско јагне ја зголемивме на 2.500 денари по грло. За неполни три години, Владата предводена од СДСМ во аграрниот сектор, по националните програми исплати над 427 милиони евра за земјоделците“,се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата додава дека продолжува и понатаму со конкретна помош за земјоделството и руралниот развој.

извор: Makfax