Справувањето со коронавирусот е сериозен предизвик, здравствените работници беспоштедно се жртвуваат, да им помогнеме со доследно почитување на препораките и задолженија од институциитеКако држава се соочуваме со сериозен предизвик каков што е коронавирусот, но само со заеднички сили и сплотени овој предизвик успешно ќе го надминеме, соопшти СДСМ.

Според партијата, преземени се сериозни и ефикасни мерки за заштита од коронавирусот, сите здравствени институции и целиот здравствен кадар е мобилизиран, воведени се низа мерки кои ќе обезбедат спречување на ширењето на вирусот, ќе се санираат економските последици.

„Но, за ефикасна борба и побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот мора сите доследно и целосно да се придржуваме до препораките на Владата и на Министерството за здравство.Ги повикуваме граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не мораат, да не се групираат, да внимаваат на хигиената…

На тој начин ќе се заштитиме себе си и своите најблиски, ќе дадеме значаен придонес во надминување на состојбата со коронавирусот, но и ќе им помогнеме на здравствените работници кои беспоштедно се жртвуваат за здравјето на сите граѓани.Здравствените работници се на првата борбена линија, искажуваме огромна благодарност за нивната професионалност и пожртвуваност, а наше е преку одговорно однесување и почитување на препораките да им ја олесниме работата и да им помогнеме“, се вели во соопштението.

извор: Makfax