Највисок раст на економијата од 4,1 отсто во последните неколку години, од минус 1,8 за време на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имаме силна и конкурентна економија, соопшти владејачката партија преку соопштение.

„Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат на раст на економијата, на бруто домашниот производ за првиот квартал за 2019 година од 4,1 отсто. Растот на економијата е директен показател за енормната разлика на домаќинското владеење на Владата преводена од СДСМ и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2017 за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, БДП изнесува минус 1,8 отсто.

За само 2 години од заробена, задолжена и осиромашена држава, нашата земја е блескав пример со силна и конкуретна економија.

Создаваме развојна економија која нуди шанса за сите.

Растот на економијата и БДП се доказ за успешната економска политика на Владата предводена од СДСМ и ги демантираат сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, наведе СДСМ во соопштението.

извор: Makfax