Каракaмишева ли ги пишува прес-конференциите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па затоа само тие не го признаваат успехот во евроинтеграциите, реагира владејачкиот СДСМ по обвинувањата изнесени на прес-конференција од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. 

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа единствените кои не го признаваат успехот и најпозитивниот Извештај на Европската комисија и гласно навиваат да не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Низ јавните настапи на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ делува како Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, почнала да ги пишува прес конференциите на опозициската партија каде јавно велат дека се против процесот на интеграција“, велат од СДСМ.

Партијата во реакцијата додава дека не се изненадени од ваквото однесување на опозицијата, со оглед на тоа што денешните соработници на Мицкоски, како Каракамишева, Александар Николовски и Антонијо Милошоски биле дел од режимот на Груевски.

„За само две години, од заробена држава денес сме светол пример во регионот. Колку и да е нприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава е де факто 30та членка на НАТО и доби кристална безусловна препорака за почеотк на преговорите со ЕУ.

Граѓаните избраа иднина, интеграции, повисоки плати, професионална администрација и кажаа НЕ на деструктивноста, изолацијата, сиромаштија, и антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, додава СДСМ во соопштението.

извор: Makfax