Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ достигнаа очајно ниво, опозициската партија се загуби во сопствените лаги, вчера зборуваше едно денеска друго. ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно се загуби во лажните вести што секојдневно ги создава и пласира, реагира СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓиевски кој побара од власта да одговори каде завршуваат околу 2/3 од парите од 21 милионскиот договор за ангажирање на работници, кој е, како што рече, склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест.

„Вчера, ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека на работниците од споменатата компанија им се плаќа по 97 денари за час работа, а денеска велат 75 денари за час работа. Утре може да очекуваме трета лажна бројка. Се покажува дека ширењето на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ достигна очајно ниво“, велат од СДСМ.

Таквото паушално изнесување на едни инфрмации вчера, поинакви информации денеска, се додава во реакцијата, само потврдува дека опозициската партија не е заинтересирана за реалната состојба туку дека ширањето лажни вести е нивната единствена цел и стратегија.

„Наместо да шират лажни вести во кои и самите не веруваат, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и јавно да одговорат на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога Мицкоски раководел со АД ЕЛЕМ“, велат од партијата.

 

извор: Makfax