x

Свитолина освои турнир на нетипично место

Украинската тенисерка Елина Свитолина го освои трофејот на тенискиот турнир, кој се одржа на аеродромот „Темпелхоф“ во Берлин. Во финалето Свитолина ја победи чешката тенисерка Петра Квитова со 2:1 по сетови 3:6, 6:1 и 10:5.

За првпат играв на аеродром. Ова е интересен турнир и трофеј кој ќе ми остават спомени. Се концентрирав на играта и што посилно да ја удрам топката. Воопшто не помислував дека околу мене има авиони“, изјави Свитолина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата