Потребно: 1,5 кг компир 1,5 кг медалјони 400 г шампињони 250 мл павлака за готвење 250 г сирење (гауда) 250 г грашок (може и замрзнат) 20 г брашно 200 г маргарин 1 кромид масло сол пипер чешне лук Подготовка: Сварете го компирот. Месото зачинете го и печете додека не добие златна боја. Печурките преполовете ги, печете во маслото од месото и добро зачинете ги. Ситно исечканите лук и кромид динстајте ги околу 5 минути, а притоа посипете ги со брашно и во него додајте ја павлаката за готвење. Додајте две лажици рендано сирење. Подгответе стаклен сад за печење, намрсете го и во него ставете ги компирот исечен на листови и месото. Печурките, грашокот и сосот прелијте ги преку месото и посипете со преостанатото сирење. Печете на 175 степени околу 30 минути. НАСЛОВ: Свински котлети со сирење Потребно: свински котлети шунка ементалер путер сол јајца брашно трошки пармезан магдонос малку супа Подготовка: Похуваните котлети наредете ги во сад намачкан со путер и врз секоја ставете шунка и сирење. Посипете со изренданиот пармезан и магдонос, па прелијте со малку супа и динстајте додека сирењето не се растопи.


Зачинето свинско каре


Потребно: 1 свинско каре 60 дкг мини пченки од конзерва 1 цела главица лук и уште 4 чешниња 3 дкг путер 1 гранче рузмарин сол пипер лута мелена пиперка масло 2 дцл бело вино Подготовка: Излупете ги чешнињата лук, па исечкајте ги заедно со игличките рузмарин. Ставете ги во виното и со него прелијте го месото. Оставете го да се маринира околу 2 часа, а за тоа време три пати свртете го. Загрејте ја рерната на 210 степени. Месото избришетее го, посолете и наросете со пипер. Со остар нож исечете го покрај ребрата и исчистете го, но да останат коските што потоа ќе ги завиткате со алуминиумска фолија за да не изгорат. Печете 30 минути, па намалете ја температурата на 180 степени. Печете го уште половина час, прелевајќи го со маринадата и сопствениот сок. Од главицата лук излупете ја само надворешната лушпа и двапати хоризонтално засечете ја, па ставете ја во месото. Печете уште половина час и понатаму прелевајќи го месото со сокот. Исклучете ја рерната, месото покријте го со алуминиумска фолија и оставете го да стои внатре уште 15 минути. Послужете со пченка и печениот лук.


Печено свинско


Потребно: 1 кг свинско месо путер кромид чили лук павлака за готвење маслиново масло компир сол пипер босилек пармезан пршута сланина Подготовка: Исечете ги сланината и пршутата, па парчето свинско месо шпикувајте го со специјална игла. Месото потоа ставете го во сад со исечканиот лук, кромид, сол, пипер, босилек, маслиново масло и чили. Внимавајте со чилито! Оставете го да стои неколку часа. Компирот исечете го и посолен ставете го во рерна да се пече на путер или маслиново масло, малку пред да биде готов тргнете го во посебен сад (подоцна ќе го вратите), а во тавата во која се печел ставете го месото. Печете на 200 степени околу еден час. Земете малку од течноста (околу 1дцл), па помешајте ја со пармезанот, малку брашно и павлака за готвење и проварете ја во посебен сад. Со смесата потоа прелијте го месото и печете го на повисока температура (250 степени). Месото печете го 10-15 минути преливот да се запече. Пред крај додајте ги и компирите да се допечат.


Свинско на скара


Потребно: кременадли сол масло пипер лук зачински тревки магдонос други зачини по желба Подготовка: Месото измијте го, секое парче истријте го со сол, зачински тревки и пипер. Сe` ставете во сад и измешајте со масло и останатите зачини. Добро измешајте, па оставете на ладно да стои неколку часа. Најдобро би било да се подготви од вечер. Решетките од скарата премачкајте ги со маснотија, па месото печете го. Додека се пече можете да го полевате со пиво.