Еден холандски свештеник бил толку лут поради намерите на американската ѕвезда Мадона на концертот во Амстердам да имитира распнување, што измислил дојава за поставена бомба, соопштило обвинителството.
Настапите на Мадона навредиле некои христијани и тоа за време на концертите на 48-годишната ѕвезда во Италија и Германија. И во Амстердам се одржани два концерта, пред кои имало протести, но дошле само мал број верници. Свештеникот стар 63 години бил уапсен непосредно по телефонскиот повик, бидејќи го направил од дома, од фиксниот телефон, и бидејќи повикал итна служба која автоматски ги бележи броевите од кои доаѓаат повиците.