x

Светско првенство кое направи ПАНИКА во Македонија!!!

Веста која пред три дена први ја пласираа медиумите во соседна Србија, дека Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство во фудбал, но за непризнаети земји и посебни региони, направи ПАНИКА во нашата земја. Се јавуваат и прашуваат луѓе во Фудбалската федерација на Македонија, потоа во Владата, па во раководството на Арената и сите таму дигаат раменици. Никој ништо не знае за некакво си Светско првенство, кое во нашата земја би требало да се одржи од 30 мај до 7 јуни следната година.

Само организаторот на овие првенства, поточно КОНИФА или Конфедерација на независни фудбалски асоцијации и натаму си ја „тера приказната“ дека Македонија ќе биде домаќин.

А каде ли ќе се игра, на кои стадиони, кои терени? Е тоа никој не го знае, а најмалку институциите во Македонија.

ФФМ: НЕМАМЕ НИКАКВА ВРСКА СО ТАКВА ОРГАНИЗАЦИЈА

Со оглед на тоа дека најмногу луѓе, токму во ФФМ прашуваат за што навистина станува збор, СПОРТМЕДИА побара од нашата Федерација да даде свој коментар околу написите во медиумите во изминатите три дена…

„Фудбалската федерација на Македонија нема било каква врска со евентуална организација на таков тип на Светско првенство. Информацијата, како и сите други, ја добивме од медиумите. Ниту сме контактирани, ниту имаме намера да влегуваме во било каква поврзаност со таква организација. Имајќи во предвид дека и другите институции се „чудат“ бидејќи ги поврзуваат со настанот, можеби луѓето што ја пласираа таа информација го добија посакуваното – станаа вест на денот и ништо повеќе“ официјално изјавија од ФФМ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата