x

СВЕТСКО КЛУПСКО: „Бура“ во 94. минута, Мане падна, судијата со ВАР одлучи дека нема пенал

Ливерпул и Фламенго се борат за светската титула, резултатот во регуларните 90 минути е 0:0. Двете екипи имаа неколку удари од далечина што голманите ги одбранија, а во судиското продолжение на времето Садио Мане се најде во одлична ситуација, но одзади стартуваше Рафиња по што Сенегалецот шутна покрај голот. „Црвените“ бараа пенал, Фламенго негодуваше, судијата се најде во тесно. Побара помош од ВАР. Отиде да гледа снимка, па во консултација со луѓето од собата за техника одлучи да не покаже на белата точка.

Според нас оправдано…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата