Роботите ќе доведат до згаснување на 85 милиони работни места во средните и големите компании во наредните пет години, бидејќи пандемијата со коронавирусот ќе ги забрза промените на пазарот на трудот и ќе ја зголеми нееднаквоста, оценува во извештајот Светскиот економски форум (WEF).

Како што пренесува Ројтерс, истражувањето спроведено во 300 компании во светот покажало дека во четири од пет управи се забразуваат плановите за дигитализација на работата во примена на нови технологии.

Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината во работењето, изјавил директорот на WEF, Садиј Захиди.

Работниците за да ја задржат работата ќе мораат во наредните пет години да учат нови вештини, бидејќи до 2025 година работата подеднакво ќе биде поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во студијата.

Општо, се проценува дека создавањето работни места забавува, а затворањето се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе ја користат технологијата наместо луѓе.

Добрата вест е дека 97 милиони нови работни места ќе бидат отворени во некои области и дека човекот ќе ја задржи својата компаративна предност на нивоата на управување и донесување одлуки, на пр. во областа на зелената економија или вештачката интелигенција.