x

Светскиот шампион на 100 метри доби суспензија од две години!

coleman

Светскиот шампион на 100 метри Кристијан Колман доби забрана за настап на официјални натпревари во период од две години откако пропушти три допинг тестирања.

24-годишниот Американец, кој е суспендиран од 14 мај 2020 година, ќе ги пропушти одложените Олимписки игри во Токио следното лето. Колман освои злато на 100 метри на Светското првенство во Доха во 2019 година.

Тој е и светски рекордер во сала на 60 метри, а доби и рок од 30 дена за поднесување жалба до Арбитражниот суд за спорт.

Колман не го оспори својот прв пропуштен тест на 16 јануари 2019 година, но го оспори неговиот неуспех за поднесувањето на пријава на 26 април 2019 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата