x

Светскиот фудбал ќе го добие првиот милијардер

И тоа ќе се случи во екот на една од најголемите светски економски, здравствени, а и од многу други аспекти криза која го има погодено човештвото.

Кристијано Роналдо иако се откажа од многу нешта сезонава, сепак со оглед на неговата огромна популарност и сите нешта со кој тој е поврзан и има финансиски бенефит, според Форбс ќе биде годинава побогат за 110 милиони фунти.

Па така, според сите прогнози, неговото богатство многу бргу ќе ја мине границата од една милијарда евра, со што ќе стане дефинитивно првиот фудбалер на кој тоа му успеало. Таков бренд каков што е Кристијано Роналдо, евентуално може да се спореди единствено со Дејвид Бекам, но Англичанецот одамна ја заврши кариерата, и сега се бави исклучиво со инвестиции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата