x

Светскиот скијачки куп ќе почне во Зелден, но без гледачи

pinturo-e1580651606672

Организаторите на велеслаломски трки од Светскиот скијачки куп во Зелден, Австрија, со кои традиционално започнува елитното натпреварување на најдобрите скијачи во светот, најавија дека годинашното издание ќе се одржи без присуство на гледачи заради пандемијата на коронавирусот.

„Нема присуство на гледачи затоа што заштитата е важна, а тоа е желбата на Меѓународната скијачка федерација и австриската ски федерација“, изјави Јакоб Фалкнер, претседател на организациониот комитет.

Трките ќе се одржат на 17 и 18 октомври, една недела пред првично планираното, со цел да се создаде изолирана зона, т.н. балон, за скијачите и придружниот персонал.

Во овој „балон“ ќе има места и за новинари и ограничен број гости со покани, кои ќе треба да избегнуваат близок контакт едни со други за да се намали можноста од инфекција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата