Октомвриската проекција на Светска банка за раст на БДП во Македонија е само 1,5 проценти, ако се знае дека последниве десетина години тој раст беше двоен, од 3-4 проценти.

Следната година пак македонската економија според истиот прогнозер ја очекува 3,2 проценти, а во 2019 година 3,9 проценти.

Според Светска банка влијание на ваквите очекувања за раст од 1,5 проценти имала политичката нестабилност во првата половина од годината. Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.

Во однос на буџетскиот дефицит Светска банка очекува тој да биде до три проценти од БДП годинава, и дека тој ќе се намали до 2,2 проценти до 2019 година.

Светска банка очекува буџетскиот дефицит да биде до три проценти од БДП годинава, и дека тој ќе се намали до 2,2 проценти до 2019 година.

Во извештајот е наведено дека економијата во Западен Балкан ќе има раст од 2,8 проценти годинава, 3,2 следната година и 3,5 проценти во 2019 година. Од земјите во регионот највисок раст на БДП е предвиден во Црна Гора 4,2 проценти, потоа Косово 4,1 проценти, Албанија 3,6 отсто, БиХ три проценти, Хрватска 2,9 проценти и Србија 2,3 проценти.