СВЕТСКАТА ФУДБАЛСКА ВЕЛЕСИЛА ВО СКОПЈЕ
Поранешниот европски шампион и моментно петтата фудбалска репрезентација во светот (според ФИФА) – Холандија, вчера, пристигна во Скопје, пред утрешниот квалификациски меч со Македонија на Градскиот стадион.Ч артер-летот на “лалињата” од Амстердам, пристигна во точно најавеното време (13:30 ч.), на аеродромот во нашиот главен град, што беше силно обезбедуван од полициски сили по тој повод. Можеби поради таа причина, само десетина страствени љубители на фудбалот од нашата земја, беа присутни на аеродромот во Скопје, да ги пречекаат фудбалските ѕвезди од типот на Руд ван Нистелрој, Едгар Давидс, Рој Макај и Пјер ван Хојдонк. Холандските фудбалери се предводени од еден од најдобрите напаѓачи во историјата на играта со “бубамарата” – Марко ван Бастен. Со полициска придружба, Холан- ѓаните беа префрлени до хотелот “Александар палас”, каде, пак, беа пре- чекани од мала група девојчиња. Но, од сите наперчени ѕвезди, единствен кој со насмевка прифати да им даде автограм беше голгетерот на англиски Манчестер Ј., Руд ван Нистелрој. Тој им обрна внимание на сите, освен на македонските новинари, поради забраната од селекторот Ван Бастен за давање изјави на играчите. Изјава за македонските медиуми не даде ниту Ван Бастен. Интересна беше забелешката на неколку новинари од Холандија, кои се пристигнати тука, во однос на однесувањето на нивните играчи: “Давидс е прост и него што и да го прашате ќе ви одговори со “да” или “не”. Ван Хојдонк е “дигнат”, додека Макај е “забавена снимка” и нему му е мака да дава изјави. Марко ван Бастен се согласува на разговор, единствено “ако му е денот;. Вистински господин е само Руд, а тоа и се виде тука, нели?”, ни истакна еден од гостинските претставници на “седмата сила”. (Б.Н.)