x

Светската криза „удри“ и по Кристијано Роналдо

ronaldo-casual

Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, удри и по богатите. Еден од нив кој е погоден е Кристијано Роналдо.

Како што е познато, Португалецот има ланец на хотели, а добар дел од нив се пред затварање.

Собите на хотелите поради пандемијата се празни или полупразни. Оној во Мадеира не работи веќе неколку месеци.

Голгетерот и натаму нема коментар околу целата ситуација, но се претпоставува дека Роналдо ќе мора барем привремено да ги затвори хотелите во Португалија.

Поради пандемијата, Роналдо ја симна и цената за една ноќ престој. Така ако порано се плаќало 150 евра за вечер, сега цената изнесува 70.

Но, се чини, Португалецот ќе се извлече од кризата, со оглед дека пред една година најави изградба на хотели и во Манчестер и Мадрид. Сепак, поради пандемијата, истите не почнаа, но веројатно кога ќе заврши пандемијата, ќе го реализира својот план.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата