Светската здравствена организација (СЗО), поради коронавирусот, денеска прогласи глобална здравствена криза.

СЗО ја дефинира глобалната здравствена криза како вонреден настан што претставува ризик за повеќе земји и бара координиран меѓународен одговор.

Кина ги пријави првите случаи на инфекција со коронавирус на крајот на декември минатата година. До денеска во земјата официјално се потврдени повеќе од 8.000 случаи. Починаа 171 лице.

Денеска, и официјално беше потврдено дека смртоносниот вирус е распространет во сите 34 главни региони на најнаселената земја во светот.

 

извор: Makfax