Дијего Молина моментално е најомразениот човек на планетата.

Работник во мртвачница во Буенос Ајрес објавил фотографија со телото на Дијего Марадона во ковчег. Притоа се сликал со подигнат палец на горе, кое значи одобрување на главата на славниот фудбалер, како да сакал со тоа нешто да порача.

Не се чекало долго на реакција од надлежните. Дијего, кој се посрамотил самиот себе, добил отказ.

Неговото име го открил адвокатот на Марадона Матијас Морла.

“Дијего Молина е идиот кој се сликал покрај ковчегот на Дијего Марадона. Во сеќавање на својот пријател, нема да застанам додека не плати за овој чин“ рекол Морла.