Западните компании за оружје доминираат на светскиот пазар, а руските најмногу се поддржани со порачки од државата, стои во извештајот на Шведскиот институт за мир (СИПРИ) за 100-те најголеми фирми производители на оружје во светот.

Стоте фирми во 2013 година направиле обрт од вкупно 402 милијарди долари, што е за два отсто помалку од 2012 година. Намалување е регистрирано трета година по ред.

Од фирмите во првите 100, 38 се базирани во САД, една во Канада и 30 во Европа. На нив е дел од речиси 85 отсто од светската продажба на оружје.

Меѓу првите десет, шест се од САД – на прво место е Локхид Мартин, по неа следува Боинг, па британската Би-Еј-Ај Системс.

Од списокот, 10-те руски фирми продале оружје вредно 31 милијарда долари – за 20 отсто повеќе отколку во 2012 година. Кинески компании не се вклучени во списокот поради недостиг од информации.