Во оманскиот град Куријат, неодамна била забележана највисоката ноќна температура во историјата, кога биле измерени 42,6 степени Целзиусови, пренесува “CNN”, а еве и какви се прогнозите за нашиот дел од Европа.

Температурните скокови не можат да се предвидат, иако веќе сега е јасно дека ова лето понагласени се топлотните бранови, отколку минатата година, каде во хрватското место Каштел Штафилиќ биле измерени речиси 43 степени целзиусови.

Тие скокови се зачестиле во текот на неделата ширум северната Земјина половина и тоа како последица на многуте стационирани антициклони, под кои се “вареле” градовите и природата.

Две третини од Северна Америка биле покриени од антициклон, почнувајќи од источниот брег, па се до Босна и Херцеговина, па затоа и постојат тие температурни скокови.

Во Денвер во Колорадо на 28. јуни биле измерени 40 степени, што било и највисоката температура во некогаш измерена во тој град. Поточно, измерена била четири пати. Прв пат во 1878. година, а потоа во 2005. година, и два пати во 2012. година.

На планината Маунт Вашингтон, која важи за најветровито место во светот, на 2. јули била забележена нејзината највисока температура – 15 степени Целзиусови. Слична работа се случила во градот Бурлингтон во Вермонт, само што таму рекордниот дневен минимум изнесувал 26 степени. Монтреал тој ден дури и ја соборил својата највисока измерена температура во последните 147 години – 36 степени.

Пеколот бил лош колку што била и високата влажност на воздухот. Отава ден претходно ја искусила најекстремната комбинација на температура и влажност на воздухот во својата историја.

Не минал добро ни градот Шанон во Ирска, кога го погодила горештина од 32 степени.

Белфаст во Северна Ирска доживеал 29 степени, а ден подоцна Каслдерг измерил 30 степени, нешто што Ирците со децении не го искусиле.

Континентот горел и на сосема спротивна страна, на Кавказ.

На Блискиот исток температурите во Оман достигнале повеќе од 50 степени Целзиусови и се задржале во текот на неколку денови и ноќи. Морето во Персискиот залив достигнало температура до 32 степени.

Претходно, во април и Пакистан се нашол на удар на високи температури. Иако било средина на пролетта, на неколку места во таа земја биле измерени повеќе од 50 степени, а највисоката измерена температура била 50,2 степени, што е сега рекордна измерена температура во историјата на таа земја во април.

Јужна Калифорнија, колку и да има клима “без зими” дури и на есен, никогаш порано не забележала дури 42 степени во тој месец. На северот на Калифорнија климата е веќе поумерена, но поради тоа Сан Франциско на 1. септември 2017. година забележал температура од 41 степен, што значи дека веќе на прагот на есента бил измерен температурен рекорд на сите времиња за тој град.

Во Азија минатата година под топлотните рекорди во мај гореле пакистанскиот град Турбат со светска рекордна есенска температура од 53,5 степени, секако, измерени во ладовина. Во јуни во Ахваз во Иран биле измерени 53,7 степени, уште еден национален метеоролошки рекорд, за кој човекот и природата не можат да бидат подготвени.

Долината на смртта во САД минатата година имала најлош јули во историјата, а немало ниедна ноќ во која не биле измерени помалку од 31 степен.