Со божикни песни во изведба на хор составен од 120 средношколци, вечерва светна новогодишната елка во Скопје. Со ова беше означено и отворањето на новогодишната населба Винтерленд на плоштадот Македонија.

Во новогодишната населба со украсени куќички има катчиња за игра и смеа, како и мала сцена на која ќе се организираат настани. Има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. За вљубениците во зимските спортови, пак, во населбата е поставено и лизгалиште на мраз.

извор: Makfax