Шефот на Комисијата на епидемиолози, професорот Сотирис Циодрас и генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Василис Папагеоргиу, одржуваат состанок на Света Гора, откако беа потврдени најмалку десет случаи на ковид-19, а еден монах е хоспитализиран во сериозна состојба, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, не е исклучена можноста, по состанокот да бидат соопштени мерки, па дури и одлука за целосно затворање на Света Гора за верниците.

Во моментов превентивно, затворени се најмалку два манастири.