Со што обвинителката Лиле Стефанова во предметот„Титаник“ го уцени сведокот  Јадранка Костова? Каква спогодба добила Гулевска за денес при нејзиното сведочење да ги менува одговорите при секоја реакција на Стефанова?  

Имено, поранешна началничка на Одделот за управни работи во Скопје, Јадранка Гулевска, денес сведочеше во Кривичниот суд Скопје 1, на денешно рочиште за предметот „Титаник“, но тоа што беше впчатливо беа нејзините контрадикторни одговори во текот на целото сведочење.

Таа на прашање на одбраната дали била повикана на распит во СЈО во својство на осомничен, прво одговори потврдно, но по реакциите на лицето на обвинителката Лиле Стефанова, веднаш го смени одговорот и одговори со не.

 Истото се случуваше и на вкрстените прашања, кога неколку пати Гулевска, по реакциите на обвинителката Лиле Стефанова ги менуваше своите одговори со да и со не.

Очигледно беше дека сведокот Гулевска во судницата, освен со Стефанова цело време беше во визуелна комуникација и со вработената во СЈО – Катерина Тунџева, ќерка на актуелниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев.

Скандалозно е тоа што Гулевска потврди дека постои спогодба. На прашањето дали и била понудена некаква спогодба од страна на СЈО одговори ДА.  Но кога беше запрашана за каква спогодба станува збор и кога ја потпишала, таа одговори дека направила усна спогодба, за која никаде не е внесен писмен запис, ниту пак е известен судот.

Гулевска исто така даде неточен и невистинит исказ и околу самата постапка за издавање на лична карта, бидејќи согласно законските измени сите податоци кои странките треба да ги достават, а се службени документи, се прибавуваат по службена должност и странките не се должни да ги достават.

Инаку одбраната пред два месеци одбраната во случајот„Титаник“ побара изземање на обвинителката Лиле Стефанова заради нејзина можна вмешаност во случајот Рекет. Во Рекет  обвинети се Катица Јанева, Боки 13и Зоран Милевски,  бидејќи изнудувале пари од Орце Камчев, а за возврат да добие слобода. Тој е обвинет во случајот „Империја“ кој го води Стефанова, а на снимките кои протекоа во јавноста се слуша како Јанева ја држи Стефанова под контрола.