Сите свадби закажани за пролетва и летово се откажани или презакажани за наесен. Матичните служби исто така ги откажуваат венчавките, а граѓански бракови склучуваат само оние двојки на кои им се брза односно кои очекуваат принова. Од Управата за водење на матични книги за „САКАМДАКАЖАМ.МК“ велат дека овој период од годината односно во мај и јуни имаат најмногу свадби, по 350 месечно. Но, поради состојбата со пандемијата на КОВИД-19 и мерките кои ги воведе Владата откажани се речиси сите свадби, а со тоа не венчаваат ниту матичарите. За разлика од лани како што велат матичарите кога буквално не можеле да постигнат, сега можат да се избројат на прсти паровите кои решиле да склучат граѓански брак.

„Оние парови на кои им се брза поради бременост или некоја друга причина ги венчаваме во општинските матични служби, но церемонијата трае многу кратко, не повеќе од 10 минути. На венчавката можат да дојде само по еден сведок на младенците и толку. Роднини, пријатели, зурли, тапани пред матично нема. Сите носат маски и заштитни ракавици. Можам да кажам дека од 350 венчавки кои сме ги имале овој период, сега има едвај 10 месечно“, велат од Управата за водење на матични книги.

Повеќе на „СДК.МК