„Денес 535 новозаразени и 6 починати. Црн биланс за државата, уште еден доказ за неспособноста на владата. Заклучокот е дека владата најмалку се грижи за здравјето на граѓаните. И ова е само еден сегмент за незадоволство, иако има и многу други причини за протест против злоупотребите и неспособноста. Утре ВМРО-ДПМНЕ закажа протест во 18:30 часот, и како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта, стои во Фејсбук статусот на Ѓорѓија Сајкоски“, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа одлучивме да го заштитиме здравјето на граѓаните и наместо класичен протест да оствариме протест со автомобили против злоупотребата на европските пари, пишува тој.

– Утре во 18.30 часот пред платото на СЦ Борис Трајковски па се до СЕП во центарот на Скопје. Апелирам на употреба на заштитни маски, безбедно растојание и почитување на протоколите. Се гледаме. Стоп за злоупотребата на европските пари, повикува Сајкоски.