Со признанија од компанијата која го одбележа 10-годишниот јубилеј од отворањето на првата канцеларија во земјава си заминаа најдобрите вработени, смеење имаше затоа што водител беше Сашко Коцев, кој на шега си побара маскара и црвен кармин, додека за добрата атмосфета се погрижија Блу фанки индивидуалс и Каролина, која од неодамна е и заштитно лице на АВОН. Настанот беше збогатен и со балетска точка – танц со сенки изведен од трупа предводена од балерината Саша Ефтимова. 

Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи во секоја минута, а јубилејот го заокружува со продажба од 23 милиони производи за убавина годишно. Се работи за компанија која постои 129 години во преку 100 земји и има повеќе од 6,4 милиони независни претставници ширум светот. Уште од самото основање важи за една од најинвентивните и најактивните козметички компании на пазарот.