x

Саутгејт: Мегваер треба да има подршка од сите

gareth-southgate-harry-maguire-england-f365

Англискиот селектор Герет Саутгејт застана во одбрана на Хери Мегваер, стоперот на Гордиот Албион кој вчера за половина час заработи два жолти картони беше исклучен и беше еден од директните виновници што Англија загуби од Данска со конечни 0:1.

За стоперот на Манчестер Јунајтед во моментов ретко кој има добро мислење, и дефанзивецот минува во сериозно тежок период.

„Мислам дека во моментов нему му е потребна подршка, и апсолутно ја има од наша страна. Мислам дека во моментов врз него непотребно се создава толкав притисок и се критикува од луѓе и авторитети кои реално мора поинаку да се однесат. Тој е квалитетен, се бори игра добро. Знам дека е доволно силен, пред се ментално и дека од сето ова ќе излезе уште појак. Сигурен сум дека и во неговиот клуб му даваат целосна подршка“ – изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата