Мрежа од сателитите „Старлинк“ им задава многу непријатности на астрономите и фотографите.

Сателитите од компанијата „SpaceX“ на милијардерот Илон Маск толку многу го преплавиле небото над Земјата што пречат и кон погледот на вселената.

Светлосното загадување кое што го предизвикала мрежата од тие сателити, станало забележително особено откако се појавила кометата Неовајз, најсветлата на северната хемисфера уште од 1995-та година, пренесува „Live Science“.

Многубројни фотографи и астрономи посакале да ја засведочат кометата преку фотографии, но во тоа пречеле сателитие на Маск.

Инаку, кометата е видлива и со голо око, но за нејзиното фотографирање се користи друга експозиција.

Меѓутоа, покрај кометата на фотографиите видливи се и многубројните сателити на Маск, во вид на бели линии.

Ова не е првпат сателитите на Маск да бидат ”обвинети” за светлосно загадување.

Астрономите на тоа особено укажале затоа што се воспоставило дека сателитите на Маск рефлектираат многу повеќе светлина од другите сателити кои што кружат во орбитата.