x

Сари искрено: Никогаш нема да се вратам во Англија

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари призна дека имал многу проблеми во соблекувалната на клубот за време на ангажманот на клупата на Челзи, но дека сепак некои играчи плачеле кога им рекол дека го напушта клубот.

По големиот успех на клупата на Наполи, Сари го презеде Челзи, со кого ја освои Лигата на Европа во првата сезона и заврши на третото место во Премиер лигата, веднаш зад Манчестер Сити и Ливерпул. За италијанските медиуми Сари изјави дека имал проблеми во соблекувалната во Челзи и тешко било да се контролираат тие односи.

„Колку повисоко ќе се качите по скалилата, толку е потешко да се изгради добар однос со играчите. Тогаш сè се менува и имаше многу проблеми во соблекувалната во Челзи, но имаше солзи кога реков дека си одам. Јас им кажувам на играчите директно она што го мислам“, вели Сари.

По ова искуство, Сари вели дека никогаш нема да живее во Англија.

„Никогаш не би живеел во Англија. Таму младите имаат многу поголема предност пред старите, а тука не мислам на фудбалот, туку на животот воопшто. Ми недостасува Премиер лигата, фудбалот таму е навистина одличен, но животот не е, тоа е мое искрено мислење“, вели Сари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата