x

Сари: Единствениот со кој се расправам е Игуаин

Тренерот на Јувентус Мауруцио Сари изјави дека единствен играч со кој константно има конфликти е аргентинецот Гонзало Игуаин. Тоа не ги спречи обајцата со години да соработуваат секако како во Наполи и Јуве, така и во Челзи.

„Едноставо има потреба да се расправа со мене. Веројатно само така може да се мотивира, да го извлече најдоброто од себе. Со друг играч јас не влегувам во конфликтни ситуации, единствено со него“ – изјави Сари кој за мечот против Милан утре не може да смета на Дибала и Кјелини па опции на место нив се токму Игуаин и Ругани.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата