Актерката Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик ќе го прошират семејството за уште еден член. Убавата 41-годишна актерка и три години постариот сопруг веќе имаат тригодишен син Џејмс Викл, а веста за уште едно бебе пријатно ги изненадила.
– Сара и Метју уште официјално не сакаат да ја објават информацијата. Чекаат Сара да влезе во третиот месец од бременоста, па тогаш ќе соопштат јавно – вели близок пријател на двојката.