Сања Гроздановска или попозната како Сани наскоро ќе стане мајка. Имено, фолкерката која пред неколку месеци му кажа “да” на својот избраник Мартин веќе е во третиот месец од бременоста и треба да се породи кон крајот на октомври.

За десетина дена треба да го дознаеме полот на бебето, но не ми е важно дали ќе биде момче или девојче, најважно и на мене, и на сопругот ни е да е живо и здраво”, откри Сани, која веќе ја има ќеркичката Викторија.

Вики е најсреќна за приновата, едвај чека да се породам, вели дека многу ќе го сака и гушка бебето”, додаде Сани.

Дека бременоста и годи потврдува и самата, поприлично е активна, а е поправена околу седум килограми.

Се поправив малку, но тоа е нормално. Настапите ги немам откажано, можам уште да работам, но за некое време планирам да земам пауза и да се посветам целосно на мајчинството”, заврши фолкерката која се уште е актуелна со темата “Кафеана” за која сними и видео.